Промотивниот филм „Скопје 2014“ ја освои третата награда на вториот по ред Интернационален туристички филм фестивал „Загрепски филмски фестивал“, кој се одржа од 3 до 5 јули во музејот „Мимара“ во Загреб.
Наградата е освоена во категорија на филмови во траење до две минути, во конкуренција со над 300 промотивни филмови од 56 држави од целиот свет.
Фестивалот е член на CIFFT (International Committee of Tourism Film Festivals) и се одржува под покровителство на претседателот на Република Хрватска.
Целта на фестивалот е да промовираат филмови од различни содржини, како и промоција на туристички дестинации, хотели и ресорти, култури и традиции, рурален туризам, авантуристички понуди, екстремни спортови, религии.
Наградениот промотивен филм „Скопје 2014“ е креативно дело на агенцијата „Омега комуникации“, а изработен е во продукција на „Кино Око“, како дел од проектот „Македонија – вечна“ („Macedonia-Timeless“) на Владата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


