| четврток, 6 декември 2018 |

МНР ги предупреди македонските граѓани да не патуваат во околината на Атина

Заради пожарите кои се случуваат во областа Атика, во околината на Атина, препорачуваме државјаните на Република Македонија да избегнуваат патувања во тие региони, соопштија од Министерството за надворешни работи.

-Ги информираме граѓаните дека засега македонски државјани не се обратиле за помош во нашето Дипломатско конзуларно претставништво Атина. Поради пожарите во Грција е прогласена вонредна состојба. Воедно, информираме дека контакт телефонот на Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во Атина е 0030 694 474 3071.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top