Ноќеска во 02,10 часот на локалниот пат с.Стојаково-с.Селемли Д.И.(44) од Богданци управувајќи мопед „Лифан-50“ изгубил контрола над мопедот и излетал надвор од патот. Д.И. починал на самото место, а смрт била констатирана од страна на лекар од екипа на Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска канцеларија Богданци со полициски службеници од Полициска станица Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.
Се работи на целосно расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.