| четврток, 6 декември 2018 |

Цукеро, најдобриот европски вокал со скромни барања на рајдер-листата пред концертот во Охрид

На 25 јули за прв пат во Македонија доаѓа Цукеро. Ќе настапи на Античкиот театар. Една од најголемите италијански ѕвезди и сигурно еден од најдобрите европски вокали ZUCCHERO, со своето best of шоу во прекрсаниот Охрид, во идеaлниот простор за таа музика- Антички театар.
ZUCCHERO е артист којшто го има направено невозможното. Со карактеристичен блуз вокал, има неверојатен број и на комерцијални хитови: „Baila Morena“, „Senza Una Donna“, „Dune Mosse“ и уште многу други, а пред се`, кввалитетот на изведбата и музиката се секогаш во прв план.

-Цукеро и екипата имаат прилично скромни барања во рајдер листата.. Инсистираат на многу вода, цедени сокови и освежителни пијалоци. Она што е најважно е техничкиот дел од организацијата кој мора да биде изработен до перфекција, велат организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top