Најновиот тендер во здравството тежок 35 милиони евра што треба да го добие новоформирана компанија, која е единствен учесник во постапката, е еклатантен пример за злоупотреба на власт и загрозување на здравјето и животот на граѓаните, обвини Виктор Камиловски од ВМРО-ДПМНЕ, кој побара прекин на постапката.
– Какви референци има компанија регистрирана само пред неколку месеци или колку искуство има актуелната компанијата? Никаде во светот не може компанија формирана пред неколку месеци со капитал од само 5.000 евра да добие тендер вреден 100.000 евра, а да не зборуваме фантастични 35 милиони евра, посебно во секторот здравство каде битка водат огромни фармацевски компании – рече Камиковски.
Тој додаде дека дел од фирмите кои се занимаваат со бизнисот со реагенси се изненадени што на тендерот се појавува нова фирма која досега не работела со оваа проблематика ниту пак набавувала материјали од компанијата чии спецификации се наведени во тендерот.
– Со ова, според истражувањето на многу фирми кои се занимаваат со овој вид на дејност со набавка на реагенси велат дека самата спецификација уште на почетокот отворила сомнежи посебно што во условите се наведени карактеристики само внимавајте на еден производител, компанијата АБОТ. Што значи уште на стартот биле технички исклучени другите фирми кои биле заинтересирани за овој тендер – смета Камиловски.
Тој истакна дека на овој начин СДСМ сака да се оддолжи на своите донатори, меѓутоа вчера во медиумите и на социјалните мрежи осамнаа информации и фотографии дека управителот на компанијата АХР ЛАБ Александар Јовановски е пријател со Јордан Мијалков, син на шефот на тајната полиција за време на владеењето на ДПМНЕ Сашо Мијалков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.