По повод денот на општина Илинден, утре (22.07.) во периодот од од 15.30 до 19.30 часот ќе се одрживелосипедска трка со една траса којашто ќе се однесува на учесници рекреативци и друга траса за професионални велосипедисти. Поради овој настан Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот долж предвидените тркачки патеки.
Така со почеток од 15,30 часот велосипедската трка за реакреативци ќе стартува од спортска сала „Гоце Делчев“(во населбата Илинден) потоа кон село Марино, назад кон Илинден, по улица „9“, улица „8“ до спортска сала „Гоце Делчев“. Трасата пак на велосипедска трка за професионалци чиишто почеток е закажан за 16,00 часот, е со старт од паркингот пред спортската сала во општина Илинден преку надвозник во н. Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад до спортска сала „Гоце Делчев“ (трката ќе заврши околу 19,30 часот).
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по трасите каде што ќе се движат натпреварувачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.