| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Компромис за стратешките цели нема, амнестија директна или индиректна нема

Преговорите меѓу лидерите на политичките партии околу прашањето за референдумот и формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) продолжуваат во недела навечер или понеделник наутро, истакна премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по завршувањето на денешната лидерска средба.

– Стратешка цел на Република Македонија е полноправно членство во ЕУ и НАТО, компромис за стратешките цели нема. Амнестија  директна или индиректна нема. Ќе им дадеме шанса на разговорите доколку тоа е можно, рече Заев, по четиричасовната средба во Клубот на пратениците на која присуствуваа и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , ДУИ и БЕСА, Христијан Мицкоски, Али Ахмети и Билал Касами.

Тој потенцира оти очекува од разговорите да произлезе договор и за формирање и имплементација на ДИК. Потенцира оти има прашања за кои елесно да се постигне договор, но и такви за кои процесот е потежок.

Заев напомена оти целта е да се спроведе успешен рефенреднум бидејќу целокупниот процес е временски одреден со оглед на тоа што од успешниот референдум зависат натамошните уставни измени кои пак се предуслов Грција да го ратификува договорт за името во својот Парламент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top