| четврток, 6 декември 2018 |

Не сум сигурен дека сакам да продолжам да играм: Ѓоковиќ размислувал да го напушти тенисот!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Вимблдон и може да се каже дека на тој начин ја спаси својата кариера.

Тоа го потврди и поранешниот 25. светски рекет Филипо Воландри кој откри нешто што можеби никој досега не знаел.

-Тоа што Новак го освои Вимблдон е остварување на сонот, особено ако се знае дека по турнирот во Мајами разговараше со својот тим и им рекол: Да се сретнеме со спонзорите бидејќи не сум сигурен дека сакам да продолжам да играм. Навистина размислуваше за тоа да прекине да игра тенис  – откри Воландри.

И самиот Ѓоковиќ по титулата во Англија призна дека периодот за Мастерсите во Индијан Велс и Мајами му бил најлош во кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top