| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантна снимка од Њујорк: Платен убиец пукаше во главата на мафијаш, не успеа во намерата (видео)

Њујоршката полција објави драматична снимка која прикажува познат криминалец од Њујорк кој со чиста среќа избегна сигурна ликвидација. Надзорните камери го снимиле Салваторе Зотола (41), член на мафијашкото семејство Бонано, кој се скрил зад еден автомобил и почнал да се тркала по земја откако бил застрелан.

Во тој момент маскираниот напаѓач излегол од возилото за да ја заврши работата и му го впери пиштолот право во глава. Испукал неколку куршуми и кога останал без муниција побегнал.

Зотола е префрлен во болница со рани во градите и десната рака, а лекарите соопштија дека е во стабилна состојба. Американските медиуми пренесуваат дека е вистинско чудо што Зотола преживеал нарачано убиство. Полицијата трага по напаѓачот.

Инаку, семејството Бонано е едно од петте мафијашки семејства кои делуваат во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top