
Њујоршката полција објави драматична снимка која прикажува познат криминалец од Њујорк кој со чиста среќа избегна сигурна ликвидација. Надзорните камери го снимиле Салваторе Зотола (41), член на мафијашкото семејство Бонано, кој се скрил зад еден автомобил и почнал да се тркала по земја откако бил застрелан.
Во тој момент маскираниот напаѓач излегол од возилото за да ја заврши работата и му го впери пиштолот право во глава. Испукал неколку куршуми и кога останал без муниција побегнал.
Зотола е префрлен во болница со рани во градите и десната рака, а лекарите соопштија дека е во стабилна состојба. Американските медиуми пренесуваат дека е вистинско чудо што Зотола преживеал нарачано убиство. Полицијата трага по напаѓачот.
Инаку, семејството Бонано е едно од петте мафијашки семејства кои делуваат во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


