| четврток, 6 декември 2018 |

Донев: Против промена на името се 70 отсто од Македонците

Во гостувањето во емисијата „Ѕид“ поранешниот амбасадор Јован Донев вели дека со оваа покана од НАТО Македонија фактички ништо не доби. Според него пораката е многу јасна, а таа е да се смени името за да се влезе во НАТО.

– За прв пат во нашата историја имаме Влада имаме премиер кои безобразно лажат. За да можат граѓаните да излезат на референдум тие мора да ги имаат сите информации. Ако ги немате сите информации вие не можете да донесете правилна одлука. Некои провладини медиуми дури и заклучокот на советот на ЕУ го прекроија и го направија како нивно соопштение. Ако владата не ви ги даде сите информации прашање е дали воопшто ќе излезете на референдум. За жал ситуацијата во Македонија е безмислозно лажење и безмилосно насилство врз демократијата. Имате во исто време комбинација на лажење и насилничко однесување во парламентот, вели Донев.

Донев исто така вели дека ако се водите од дневнополитички потреби во државата ќе имаме ситуација како денес. Тој додава дека за какво и да е прашање мора да се седне и да се разговара со сите политички партии. Тој притоа го искоментира и настапот на Заев за ББС.

– Да не биде смешно би било трагично што премиер на една држава кажува резултати од еден референдум. Тој се повикува на анкети но праксата покажа дека многу кариери на политичари завршиле со тие анкети. Пак ќе кажам имаме работа со човек кој безмилосно лаже. Анкетите од пред некој месец покажаа дека 70 % од Македонците се против промена на уставното име и вие имате премиер кој тоа не го интересира и си потпишува договор. Така да како може да му се верув сега. Тој излага и си прави своја политичка реклама, рече Донев.

Во врска со референдумот Донев смета дека треба да седне со опозицијата и да се договорат условите под кои треба да се одржи референдумот. Тој притоа вели дека со вакво однесување на Владата единствен излез за него е бојкот на референдумот.

Донев притоа ги даде примерите кога Заев го излажа претседателот, лидерот на опозицијата, македонската јавност и затоа од тука неговата скепса како после да му се верува на Заев и да се одржи коректен референдум.

Донев за крај додава дека ако опозицијата не даде гаранција, тогаш ќе нема друг начин освен да се бојкотира референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top