Во Лејкарси срамежливо најавуваат замена за Коби Брајант, кој во наредниот месец ќе наполни 35 години, а најверојатно ќе игра уште една или две сезони пред да замине во пензија.
Моментално најголемата НБА ѕвезда ЛеБрон Џејмс (28) од летото 2014 може да биде член на Лос Анџелес Лејкерс, а како доказ за тоа е изјавата на генералниот менаџер на Езерџиите, Мич Купчак:

„Ќе размислуваме однапред и тоа во друг правец“
Лејкерси во наредното лето ќе се ослободат од Пау Гасол, кој годишно заработува по 19.3 милиони. ЛеБрон Џејмс е еден од многуте звезди кои во наредното лето ќе имаат статус на слободен агент, а покрај него слободни ќе бидат Двејн Вејд, Крис Бош, Кармело Ентони, Зек Рендолф, Руди Геј и Луол Денг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


