Обединетите нации за човекови права, во рамките на своите механизми, на период од пет години, го спроведува Универзалниот периодичен преглед на Советот за човекови права. Во прегледот се опфатени сите земји членки на Обединетите нации, преку кој се востановува индексот за остварување или неостварување на човековите права на земјата.
Оваа година прегледот за почитувањето на човековите права на Македонците ќе биде во јануари 2019 година, а додека пак рокот да се поднесе писмо, жалба или пријава е утре, 12 јули 2018 година до 15:00 часот. Писмото или жалбата се доставува до Секретаријатот на Советот за човекови права, преку следниот систем за поднесување на интернет: https://uprdoc.ohchr.org
Обединетите Нации повикуваат до сите незадоволни физички или правни лица, невладини организации и слично не се задоволни од состојбата со човековите права во Република Македонија, без оглед на областа на човековите права, потребно е да се регистрираат со име и презиме, име на организацијата и адреса на организацијата, или на физичкото лице.
Документот не треба да биде подолг од 2,800 зборови и е потребно да биде доставен во Word документ, со тоа што е дозволено прикачувања на прилози од други документи како дополнителни информации.
Повеќе информации можете да пронајдете на следните линкови:
https://www.ohchr.org/EN/HRBodies/UPR/Pages/UPRMain.aspx
https://www.ohchr.org/EN/HRBodies/UPR/Pages/NgosNhris.aspx
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.