| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев со сребрен медал во спринт на Балканското првенство

Македонскиот спринтер Ристе Пандев го освои сребрениот медал на трката на 100 метри на Балканското првенство за младинци, кое се одржува во Денизли, Турција.

Пандев истрча одлично и со време од 10.85 секунди како втор ја мина целта. Добар настап имаше и Никола Зарковски, кој во скок во височина го освои 4. место прескокнувајќи 193 сантиметри.

Машката штафета 4х100 метри, во состав Пандев, Рамадани, Голубовиќ и Беќири, постави нов рекорд на Македонија за младинци, со време од 43,28 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top