Без струја од 8 до 16.30 часот утре ќе бидат дел од жителите на село Студеничани, а од 14 до 16часот, дел од корисниците на улицата Борис Трајковски, во општина Кисела Вода – „Новус“, „Баде“, ресторан „Мимоза“, браварска работилница „Карат“, „Монбат“, „Беда“, „Мотоцентар“, ЕМО Водно, сендвичарницата „7“ и „Киамоторс“.
Ова го соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија.
„Од 9.30 до 15.30 часот, без струја ќе останат дел од корисниците од улиците Воин Драшковиќ и Црногорска 2, во општина Ѓорче Петров, жителите на село Копаница, општина Сарај, како и дел од корисниците од улиците Гарсија Лорка и Виетнамска, во Шуто Оризари“, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.