| четврток, 6 декември 2018 |

Од полноќ поскапуваат бензините

Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, да се зголемат во просек за 1,41 отсто.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.
Малопродажните цени на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа малопродажната цена на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,016 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.06.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,711 ден/кг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top