| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот министер за Брегзит поднесе оставка

Дејвид Дејвис, британскиот министер задолжен да го води процесот на излегување од Европската унија, денеска поднесе оставка незадоволен од планот што Владата го договори во петокот.

Дејвис упатил писмо до премиерката Тереза Меј во која оценува дека земјата е доведена во тешка позиција од страна на ЕУ.

– Насоката на политиката не доведе до слаба преговарачка позиција, и можно е да не успееме да се извлечеме од неа, пишува во писмото на Дејвис до Меј, кој дополнително предупредува дека согласно договореното во петокот, Британија нема да биде навистина независна во однос на ЕУ.

Владата одржа средба во Чекерс, резиденцијалниот објект на премиерката Меј, на кој министрите ги договорија нивните финални позиции во преговорите со ЕУ. Но, по оставката на Дејвис, кој е член на крилото на Владата кое се залага за целосно и неповратно раскинување на обврските што Велика Британија ги има кон ЕУ, можно е да се побара оставка на премиерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top