| четврток, 6 декември 2018 |

Селекторот на Русија откри што му кажал Путин по поразот од Хрватска

Русија ги надмина сите очекувања на домашната јавност со пласманот во четвртфиналето на Светското првенство. Никој не очекуваше „зборнајата“ да ја мине групната фаза, а потоа ни дека ќе успее да мине крај Шпанија во осминафиналето.

Приказната на Русите заврши во четвртфиналето, каде Хрватска беше подобра по изведувањето на пенали. Сепак, домаќинот на Мундијалот може да биде задоволен од она што го прикажа на турнирот.

Селекторот на „зборнајната“, Стансислав Черчесов на прес-конференцијата по натпреварот рече дека добил телефонски повик од претседателот Владимир Путин, кој им честитал на играчите за одличната игра.

-Премиерот Медведев беше во соблекувалната со нас, а претседателот Путин ми се јави пред и по натпреварот. Им честиташе на сите играчи на одличниот натпревар, рече дека одигравме одлично, но ние сепак сме разочарани. Рече дека мораме да чекориме цврсто и ги држиме главите горе“, рече Черчесов.

извор: sport1.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top