| четврток, 6 декември 2018 |

Во Калифорнија прогласена вонредна состојба поради пожарите

Силните ветрови и високите температури предизвикаа брзо ширење на пожарот во округот Санта Барбара, на југот од Калифорнија поради што е прогласена вонредна ситуација. Некои куќи се во пламен, а 3200 жители се евакуирани.

Пожарот наречен „Холидеј“ е еден од триесетте кои дивеат во западните држави на САД.

Властите соопштија дека 2000 лица се останати без струја, додавајќи дека вонредната состојба ќе помогне да добијат дополнителни противпожарни ресурси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top