| четврток, 6 декември 2018 |

Балканска турнеја на американскиот заменик помошник државен секретар Мароко

Американскиот заменик помошник државен секретар и раководител на Бирото за операции за конфликти и стабилизација (ЦСО), Пит Мароко од денеска до 18 јули ќе престојува во посета на Западен Балкан, соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се посочува дека Мароко ќе ги посети Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија. Целта на балканската турнеја на Мароко е да се манифестира дека континуираниот ангжаман во Западен Балкан претставува врвен приоритет на ЦСО.

Предвидено е Мароко со своите домаќини да разговара за регионалните иницијативи за борба против насилниот екстремизам и да се поттикне зајакнување на меѓуверскиот дијалог во регионот на Западен Балкан.

Во соопштението на Стејт департмненто се додава и дека Мароко ќе ја изрази дипломатската поддршка за перспективите за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top