Американскиот заменик помошник државен секретар и раководител на Бирото за операции за конфликти и стабилизација (ЦСО), Пит Мароко од денеска до 18 јули ќе престојува во посета на Западен Балкан, соопшти Стејт департментот.
Во соопштението се посочува дека Мароко ќе ги посети Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија. Целта на балканската турнеја на Мароко е да се манифестира дека континуираниот ангжаман во Западен Балкан претставува врвен приоритет на ЦСО.
Предвидено е Мароко со своите домаќини да разговара за регионалните иницијативи за борба против насилниот екстремизам и да се поттикне зајакнување на меѓуверскиот дијалог во регионот на Западен Балкан.
Во соопштението на Стејт департмненто се додава и дека Мароко ќе ја изрази дипломатската поддршка за перспективите за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст