Поддржувачи на симнатиот претседател на Египет, Мухамед Морси, се судрија со силите за безбедност на улиците на Каиро. Пристигнуваат информации дека се убиени 34 припадници на Муслиманското братство. Активистите на Муслиманското братство тврдат дека нивните членови се убиени за време на мирен протест со кој барале враќање на Морси. Инцидентот се случил рано утринава, за време на молитвата. Според „Ал Џезеира“, повредени се околу 500 луѓе.
Портпаролот на Муслиманското братство на својот профил на „твитер“ објави фотографии кои ги пренесуваме во галеријата, со предупредување дека се работи за вознемирувачки фотографии.
„Би-Би-Си“, пак, јави дека се убиени најмалку седуммина, а еден очевидец рекол дека војската користела вистински куршуми за да ја растера групата во Наср Сити во Каиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.