Децата и нивниот тренер кои со денови се заробени во пештера на Тајланд би можеле да бидат спасени низ дупка која ја пронашле спасителите и која би можела да биде искористена како излез.
Фудбалерите и нивниот тренер исчезнаа на 23 јуни. Ги пронашле во поденеделникот вечерта во поплавената пештара и од тогаш таре трката со времето, а еден нуркач почина за време на акцијата.
Имено, на Тајланд е време на монсунските дождови кои го отежнуваат спасувањето.
Лекарите проценија дека момчињата се премногу слаби за да го издражат нуркањето низ лавиринтите на пештерата, што е инаку тешко и за професионалните нуркачи. Поради овие околности некои експерти проценија дека децата и тренерот може да останат заробени во наредните 4 месеци, но загрижува фактот дека нивото на кислород се намалува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.