Поемата „Љубовта на Марија од Магдала“ се две поетски книги од нашата реномирана авторка Ирена Павлова де Одорико, а кои неодамна излегоа од печат. Поемата ја објави Здружението за наука и култура „Нова“ и на овој конкурс поетесата ја доби наградата „Климентово перо“.
Збирката насловена како „Просветелни песни“ излезе кај „Датапонс“ од Скопје.
Павлова веќе неколку години живее и работи во Италија, но како дводомен автор неуморно твори и во рамките на двете култури.
-„Марија од Магдала“ е континуум на специфичната поетика на моето творештво која најдобро беше дефинирана од страна на великанот на македонската книжевност, академик Гане Тодоровски која ја именуваше како радикална апокрифна фабулизација. Во таа насока би кажала дека тој беше сосема во право, бидејќи претходните мои поеми се апокрифи кои се обидуваат познати митови, особено митолошки женски ликови да ги „оттргнат“ од вообичаените ролји и интероретации како и од нивниот матрикс и да им дадат посебно, ново, современо и истовремено, дури и трасгресивно значење за да ја преиспитуваат вистината и свеста за нив, декодифирајќи ја. „Љубовта на Марија од Магдала“ е вон сите табуи, нејзиниот љубен и вечно прохибиран како таков може да го насетите, додава Павлова.
„Просветлени песни“, пак, е книга „која е напишана во свештен поетскинагон“, ќе напише Бранко Цветкоски.
Двете книги ќе бидат промовирани пред македонската публика на 14 јули во 19 часот во Младинскиот културен центар во вид на перформанс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.