Секоја година во периодот од 06 до 11 јули, на бреговите на Преспанското езеро, веќе шеснаесет години по ред се одржува Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”. Со тоа фестивалот се етаблира како една од најзначајните културни манифестации во Преспанскиот регион и Република Македонија.
На него до сега учествувале врвни имиња на домашната, регионалната и интернационаланта театарска сцена. Традиционалано секоја година во духот на културната соработка меѓу Македонија, Албанија и Грција отворањето е со обраќање кон публиката на трите јазици кои што се говорат на Преспанското езеро, македонскиот, албанскиот и грчкиот, со што на еден симболичен начин барем за миг се бришат границите околу езерото.
Годинешна добитничка е актерката Селма Алиспахиќ од БиХ. Фестивалот се одржува на отворено, во прекрасниот амбиент на дворот на Сарајот во Ресен (Дом на културата).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.