| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедија во Илинден: Девојче се удави во дупка со вода

Трагедија во општина Илинден, се удави девојче во дупка со вода ископана за изградба на зграда.

13 годишно девојче починало во скопската населба Илинден откако се удавило во дупка со вода отворена на место на кое се гради нов објект.

Според информациите од терен, до несреќата дошло кога девојчето влегло во водата за да ги извади својот помал брат и уште едно дете кои влегле да се искапат.

Девојчето веројатно не знаело да плива, по што се удавило во насобраната вода.

За среќа другите деца немаат посериозни повреди.

Полицијата е на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top