Снимка од Нов Травник покажува прослава на навивачите по пласманот на Хрватите во четврфиналето.
Победата на Хрватска во осминафиналето на Светското првенство е прославена и во градовите на Босна и Херцеговина, а една снимка го сврте вниманието кон Западен Балкан.
Снимката е направена синоќа во босанскохерцеговскиот град Нови Травник каде триумфот на Хрватска над Данска се прослави со народно оро во време додека Загреб со згрозување се бори против народната музика. И тоа не со било кое-туку со Ужичко оро.
Така порталите и колегите од регионот коментираат дека во Босна и Херцеговина победата на Хрватска се прославува со српско оро е слика на соживотот на дело.
Travnik, BiH. You can’t tell me there’s no better country than Bosna. Uzicko kolo done by Croatians in Bosna. Best believe my communist Serb ass is living for this. Ajmo komsije bring it home ❤ pic.twitter.com/HnufHRpOug
— Anastasija (@_stasija) July 2, 2018
извор: Al Jazeera i agencije
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.