| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е Србинот кој ги одведе Хрватите во четвртфиналето на СП: Жената на Субашиќ ја претепал таткото Хрват и сакал да ја убие!

Даниел Субашиќ синоќа стана јунак на цела Хрватска, откако Огнените со својата одбрана ги однесе директно во четвртфиналето на Мундијалот во Русија.

Хрватите после 1:1 во регуларниот дел на играта отидоа во изведување пенали со Данците, каде Даниел покажа каков голман е. Успеа да одбрани дури три пенали и да обезбеди ново четвртфинале.

Даниел по татко е Србин, што неговиот дедо не може да го поднесе.

Пред 11 години Анте Боца ја претепал својата ќерка Антонија, бидејќи сакала да се омажи за Србин!

Дури и храватските медиуми известувале дека татко и се заканувал дека ќе ја заколе.

Антонија побегнала од дома, кај Даниел во Задар.

-Јас сум Србин, а Антонија е Хрватка, која својата љубов ја докажа со доаѓањето кај мене- ја пренесуваа тогаш хрватските медиуми изјавата на Субашиќ.

Во годините кои уследиле, познатиот голман ја сменил плочата.

-Татко ми е од православна вера, а јас сум Хрват католик- рекол Субашиќ, на кој сега и дедото е горд, по синоќешната игра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top