| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров во контрола струмичката болница

Министерот за здравство Никола Тодоров придружуван од тим стручни соработници од кабинетот, државен санитарен и здравствен инспекторат и Фондот за здравствено осигурување, како и еминентни доктори од универзитетските клиники од утре ќе престојуваат во петдневна работна посета на струмичката Општа болница.

Со ова, како што соопшти ресорното Министерство, почнува петдневниот мониторниг на оваа ЈЗУ, со цел запознавање со нејзиното функционирање и подобрување на перформансите.

– Во текот на овој период ќе се изврши целосно снимање на работата на болницата, а со особено фокусирање на јавните набавки, како во делот на лековите и помошниот медицински материјал, така и во делот на немедицинските набавки, финансиското работење на болницата во целост, функционирањето на системот на закажување и организацијата на работата, особено во делот на амбулантските прегледи и услуги со цел избегнување гужви, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top