| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска: На Македонија и треба компромис, СДСМ ќе преземе одговорност кога ќе дојде на власт

sekirnska

Ние сметаме дека во моментов за Македонија компромис е подобар и за нејзината национална посебности и за нејзината иднина и за интеграциите и граѓаните на земјата. Но, тоа решение не смее да го загрози националниот идентитет и интереси и убедени сме дека со политичка волја може да се дојде до такво решение, но не сме ние на преговарачката маса. СДСМ како власт ќе најде начин Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, вели заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

СДСМ и во минатото покажал дека кога треба, носи одлуки и ја презема одговорноста за тие одлуки и сме плаќале политичка цена. Меѓутоа ние сметаме дека политичарите се менливи, а државата треба да биде вечна, нејзините граѓани и нивните интереси треба да бидат вечни и тоа како политичка партија сме го покажале и сега како опозиција го покажуваме. Нема поконструктивна опозиција од оваа што ја има македонската власт, воздржани сме, не напаѓаме на секоја топка, и сакаме прво да знаеме кој е предлогот, пред да го отфрлиме. СДСМ како власт ќе најде начин Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, вели Шекеринска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top