| четврток, 6 декември 2018 |

Мафтала со мачета и го принудила бившиот да имаат секс, сега тој ја тужи

19-годишна жена од Монтана, САД, е уапсена во петокот откако наводно го чекала своето поранешно момче со мачета и го принудила да имаат секс.

Наводната жртва, кој бил во врска со Саманта Реј Меарс седум години пред да раскинат, ѝ рекол на полицијата дека се вратил дома во петокот вечерта и Меарс му излегла од зад вратата држејќи мачета, која потоа му ја ставила на вратот и му наредила да се соблече, пишува Грејт фолс трибјун.

Таа наводно си ги соблекла сопствените панталони и го принудувала да имаат односи, цело време држејќи ја мачетата.

Кога тој се обидел да ја истурка од себе, таа, наводно, му ја гризнала раката и продолжила да го тера да имаат секс, и покрај тоа што ѝ се спротивставувал. Потоа почнале да се расправаат, вели човекот, кој успеал да ја фотографира Меарс како седи гола на креветот со мачетата, па фотографиите ѝ ги дал на полицијата.

Конечно, тој успеал да се јави во полиција преправајќи се дека разговара со пријател, па тој и неговата сестра, која си дошла дома за време на „настанот“, избегале од куќата во моментот кога дошла полицијата.

Меарс, која е обвинета и дека го давела истиот човек во април, сега се соочува со шест нови обвиненија, вклучувајќи напад, провална кражба и друго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top