Мохамед ел Барадеј ќе биде на чело на преодната египетската влада. Медиумите пренесуваат анонимни извори дека поранешниот генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Мохамед ел Барадеј ќе биде именуван за привремен премиер на Египет. Информациите почнаа да кружат откако привремениот претседател на Египет, Адли Мансур го повикал Ел Барадеј на разговори во Претседателската палата.
Од друга страна се пренесуваат извори блиски до Барадеј дека тој веќе положил заклетва, што се толкува како исчекор кон секуларност во државата. Ел Барадеј до сега неколку пати ја одбиваше оваа функција.
Тој во 2005 ја доби и Нобеловата награда за мир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.