| четврток, 6 декември 2018 |

Британската кралица го одобри законот за Брегзит

Законот со кој се уредува излегувањето на Велика Британија од ЕУ, стапи во сила денеска, по неколку месеци остри дебати во британскиот Парламент.
Текстот на Законот, кој беше претставен во јули 2017 година од конзервативната влада на Тереза Меј, а усвоен минатата недела во британскиот Парламент, го потпиша денеска и кралицата Елизабета Втора.
„Кралската поддршка” е последната фаза од законодавната постапка на Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top