| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција животниот век ќе се намали за две години

Grcija123Животниот век во Грција се очекува да се намали за две години, објави електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“.

Истражувањето на Националното училипте за јавно здравје (ЕСДИ) покажува дека последиците од економската криза за здравјето на населението се тешки.

Шест од десет граѓани ја одложуваат посетата на лекар поради финансиски причини. Болните од рак, кардиоваскуларни заболувања, дијабетис, висок крвен притисок, белодробни заболувања, кои претставуваат околу 38 проценти од населението, заедно со возрасните и сиромашни лица се првите „жртви“ на економската криза.

Според истражувањето на ЕСДИ во рок од десет години животниот век во земјата ќе се намали за две години, поради влошувањето на квалитетот на животот на граѓаните. Загрижувачки се и податоците за детската смртност, каде по децениско намалување почнува да се бележи мало зголемување, наведува весникот „Прото тема“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top