| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува единаесеттото издание на ПАНФИЗ

Македонскиот народен театар го најави единаесетото издание на Интернационалниот Фестивал на пантомима и Физички Театар „ПАНФИЗ“ 2018, чиј прв дел ќе се одвива од 7 – 9 јули на малата сцена на Македонскиот народен театар.
Влезот за претставите е бесплатен, а билетите може да се резервираат на билетарницата во МНТ од 15-ти јуни.
Во првиот дел од фестивалот публиката ќе може да погледнете четири претстави од четири различни театарски жанрови: куклен, ритуален, класична пантомима и буто, а ќе учествуваат артисти од Грција, Бугарија и Србија.
7 јули – 20.00  „Снешкото што не сакаше да се истопи“ – Визуелен Куклен Театар „Празеин Алога“ – игра – Емануела Капокаки, Р. Грција
8 јули – 20.00   „Симург“ – Александар Илиев, Р. Бугарија
             21.30   „Кругот на Животот“ – Филип Дончев, Р. Бугарија
9 јули – 20.00  „Мандрагора“ – Марко Нектан, Р.Србија
Во деновите 7 и 8 јули, ќе се оддржи и буто работилница, под водство на буто артистот Марко Нектан од Република Србија.
Вториот дел на фестивалот ќе се оддржи на 30-ти септември, а ќе гостува Финската атракција „Мимо Aрт“ од Хелсинки претставата „Body Notes“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top