| четврток, 6 декември 2018 |

Кркиќ ќе игра за Ајакс, Барселона повторно го позајми

Бојан Кркиќ нема да игра во Барселона оваа сезона, откако каталонскиот тим одлучи да го испрати на нова позајмица во Ајакс

Krkic Bojan

За Кркиќ беа заинтересирани холандските великани ПСВ и Фејенорд, но за позајмицата во Ајакс пресуди врската на спортскиот директор Марк Овермарс кој своевремено ги бранеше боите на Барселона.

Следната сезона 22-годишниот фудбалер ќе го носи дресот на Ајакс. Своевремено големата надеж на Барса и Шпанија изминатите две сезони настапуваше како позајмен во Серие А во тимовите на Рома и Милан, каде одигра 50-тина мечеви и постигна десет голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top