Соборот на трубачи во Гуча, годинава ќе се одржи од 5-ти до 11-ти август ќе собере бројни трубачки оркестри, но и музички ѕвезди како Горан Бреговиќ и Аца Лукас, најавија денеска организаторите.
Аца Лукас ќе настапи на 8-ми август, а Бреговиќ на 11-ти август. За годинешниот собор подготвиле богата програма, ќе учествуваат трубачки велемајстори, а покрај домашни ѕвезди, посетителите ќе имаат можност да проследат и „битка“ меѓу најдобрите мајстори на труба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


