Вечерва во Охрид ќе биде организирана манифестацијата „Бела ноќ“ со што официјално ќе биде означен стартот на туристичката сезона, јавува „Инпрес“.
Од локалната велат дека од објективни причини оваа манифестација годинава се одржува на 6-ти јули, а од наредната година, како што најавуваат, таа ќе се одржува на крајот од мај или на почекот од јуни.
Главна ѕвезда на саботната „Бела ноќ“ која ќе се одржи на градскиот плоштад, ќе биде Каролина Гочева, а покрај неа ќе настапат и ДНК како и неколку диџеи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


