| четврток, 6 декември 2018 |

„АнтиарТ“ го објави првиот официјален сингл и видео запис (видео)

Денес, среда, 20-ти јуни на YouTube (ЈуТјуб) каналот на скопскиот бенд АнтиарТ беше објавен нивниот прв официјален сингл и видео запис. Песната се вика Mirror (Огледало) и е авторско дело на бендот. Видеото е изработено од режисерот Владимир Митревски – Ѓуле (камера Драган Паковски, фотограф Маја Jакимовска). Дел од песната е снимен во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски, а за аудио едитирањето се погрижи Горан Гешовски.

Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи – Леа (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани). До крајот на годината тие планираат да го издадат својот прв студиски албум, а со дел од своите песни публиката имаше можност да ги чуе и на овогодинешниот РокФест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top