Лице од Охрид на возраст во осмата деценија од животот вечерва е приведено во СВР Охрид под сомнение дека извршил полов напад врз 11 годишно девојче од друг град во Македонија кое привремено живеело во Охрид – дознава „Охрид1“ од извори во СВР Охрид.
Врз девојчето се извршени лекарски прегледи кои утврдиле дека девојчето е жртва на насилен сексуален однос.
Лицето е на распит во Полиција, а според извори во Полиција истото лице е во повеќе наврати пријавувано во Полиција за полови напади.
извор: ohrid1.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.