Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се подготвува денеска да објави дека се повлекува од Советот за човекови права на ОН, што ќе биде најново повлекување на САД од некоја меѓународна институција.
Американскиот државен секретар Мајкл Помпео и американската амбасадорка во ОН Ники Хејли заедно во Стејт департментот ќе ја соопштат одлука за повлекување од главното тело на светската организација за човекови права, наведуваат четири неименувани официјални лица блиски до ова прашање.
Тие информираат дека одлуката ќе биде објаснета од амбасадорката Хејли.
Таа минатата година се закани со повлекување, наведувајќи како причина долгогодишните американски забелешки дека 47-члениот Советот е пристрасен на штета на Израел.
До најавата за повлекувањето на САД доаѓа само еден ден откако шефот за човекови права на ОН Зеид Рад Ал-Хусеин ја осуди администрација на Трамп поради поделба на децата-мигранти од нивните родители на границата на САД.
извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.