| четврток, 6 декември 2018 |

„Но(е)ва Македонија“ – нова премиера во Битолскиот театар

Националната установа Народен театар-Битола почна со подготовките на најновиот театарски проект со наслов „Но(е)ва Македонија“.

Режисер на претставата е гостинот од Србија Кокан Младеновиќ, најнаградуваниот режисер на неодамна завршениот театарски фестивал во Нови Сад „Стеријино Позорје“

– Пробите за претставата се во тек. Премиерата ќе се одржи на 31 јули во рамки на битолското културно лето „БитФест“. Режисерот Младеновиќ е извонреден уметник, познат во регионот и низ Европа и уверени сме дека ќе имаме одличен театарски проект, истакна директорот на НУ Народен театар-Битола, Иван Јерчиќ.

ПО успешниот настап на театарот во Подгорица, Црна Гора, Битолски театар во понеделник ќе отпатуваат во Полска каде во градот Бјалисток ќе учествуваат на меѓународен театарски фестивал, а на 20 јуни ќе ја одиграат претставата „Трагичната љубов на една луда девојка“ во режија на Благој Мицевски.

НУ Народен театар-Битола се подготвуваат и за претстојниот „Битола Шекспир Фестивал“ кој ќе почне на 23 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top