
Денеска од Клиниката за гинекологија си замина најмалото предвеме родено бебе во земјава кое ја доби битката за живот со помош на стручниот тим на болницата. Малиот Бетим е роден во февруари годинава во 23 гестациска недела, односно 17 недели порано, со родилна тежина од само 700 грама.

– Ова е најмалото предвремено родено бебе кое успеало да преживее во Македонија. Четири месеци престојуваше на Одделот за интензивна нега, од кои 2,5 месеци беше на апарат за дишење и си заминува жив и здрав со тежина од 2.450 грама. Борбата траеше долго. Интересно е што денеска кога го испраќаме Бетим дома, тој всушност требаше да се роди – вели д-р Лилјана Којиќ од Клиниката за гинекологија.

„Ве сака Бетим“, пишува на тортата со која се прослави испраќањето на Бетим.

Мината недела, од Клиниката за детски болести, каде исто така се лекуваат предвремено родени бебиња, дома беше испратено бебе родено во 27 недела со родилна тежина од само 500 грама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


