| четврток, 6 декември 2018 |

На денот кога требаше да се роди, јунакот од ГАК си заминува дома (ФОТО)

По 4 месечен престој на интензивната нега на Клиниката за гинекологија и акушерство, денеска со родилна тежина од 2450грама, попладнево ја напушти клиниката за гинекологија. Тоа попладнево беше отпуштено од болницата и веќе се наоѓа дома со своите родители. Од клиниката велат дека во оваа прилика сакаат да ги охрабрат сите родители чии деца престојуваат на интензивната нега.

Денеска од Клиниката за гинекологија си замина најмалото предвеме родено бебе во земјава кое ја доби битката за живот со помош на стручниот тим на болницата. Малиот Бетим е роден во февруари годинава во 23 гестациска недела, односно 17 недели порано, со родилна тежина од само 700 грама.

– Ова е најмалото предвремено родено бебе кое успеало да преживее во Македонија. Четири месеци престојуваше на Одделот за интензивна нега, од кои 2,5 месеци беше на апарат за дишење и си заминува жив и здрав со тежина од 2.450 грама. Борбата траеше долго. Интересно е што денеска кога го испраќаме Бетим дома, тој всушност требаше да се роди – вели д-р Лилјана Којиќ  од Клиниката за гинекологија.

„Ве сака Бетим“, пишува на тортата со која се прослави испраќањето на Бетим.

Мината недела, од Клиниката за детски болести, каде исто така се лекуваат предвремено родени бебиња, дома беше испратено бебе родено во 27 недела со родилна тежина од само 500 грама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top