| четврток, 6 декември 2018 |

Битола локално ќе се бори против трговија со луѓе

rodova 5Локална комисија во Битола ќе се бори против трговијата со луѓе и илегална миграција, договорено е на средбата кај градоначалникот Владимир Талески со претставници од истородната Национална комисија. Во локалната институција ќе бидат вклучени сите засегнати институци за оваа проблематика. Локалните комисии се дел од стратегијата и националниот акциски акт.

-Една од активностите кои што се предвидени е децентрализирањето на оваа национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција на локално ниво и токму поради тоа на последната седница која што националната комисија ја одржа во Скопје со нејзините членови одлучи децентрализирањето да го започнеме со општина Битола, од причини што општина Битола во досегашниот период навистина покажа врвни резултати, во однос на активностите кои што ги спроведува поврзани со оваа проблематика, изјави Виолета Јанковска, национален координатор на националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална трговија.

Локалната комисија во Битола ќе ја конституира Советот на општина Битола, а отворена поддршка за работата на новото тело има од градоначалникот Владимир Талески и претседателката на општинскиот Совет, Силвана Ангелевска.

-Правиме чекор повеќе во прилог на чувствителна тема за која работиме и со повеќе граѓански организации. Владината одлука за децентрализација на Националната Комисија ќе овозможи поголема успешност и ефикасност во справувањето со оваа проблематика, посочи Талески.

Според податоците на Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во текот на 2012 година во Република Македонија биле откриени 11 жртви на трговија со луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top