| четврток, 6 декември 2018 |

УЈП затвори нелегални обложувалници во Гостиварско

ujp kola

Управата за јавни приходи (УЈП) затвори нелегални обложувалници во Гостиварско, даночниците ја запленија целокупната опрема и запечатија објекти на обложувалници што работеле на црно во село Дебреште, село Врапчиште и село Градец, а за сопствениците поднесени се кривични пријави.

Истовремено, угостителски објект на влезот во Гостивар е затворен за период од 30 дена поради непоседување фискален апарат. Во ваквите случаи, законот предвидува глоба од вкупно 3250 евра, која доколку не се плати во рок од 8 дена, казната достигнува 6500 евра. Ако, пак, сопственикот не набави фискален апарат во рок од 30 дена, затворањето на објектот се продолжува за дополнителни 60 дена.

Мобилните екипи на Управата за јавни приходи ќе вршат засилен инспекциски надзор во вечерните часови и за време на викенди кај приредувачите на игри на среќа кои досега требаа да воведат Надзорен информациски систем (НИС) и 24-часовна поврзаност со УЈП заради следење на уплатите и исплатените добивки.

На приредувачот кој сѐ уште нема воведено во функција НИС, ќе му бидат затворени сите деловни единици (објекти) и ќе му биде изречена глоба од 7 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top