| четврток, 6 декември 2018 |

Радиоконцерт на Бојан Петков од „Летечки пекинезери“ (ВИДЕО)

Музичарот Бојан Петков, најпознат како гитарист на „Летечки пекинезери“, в недела на 7 јули, во 22 часот, во емисијата „Ако никој не свири“ на „Канал 103“ со радиоконцерт во живо ќе ја претстави музиката на која работи веќе неколку години и дело што претставува интимен творечки израз кој авторот реши да го сподели со светот.

По успешното прво претставување на оригиналните дела на Бојан во пролетта 2011 година на истата фреквенција, на ред дојдоа новите и нечуени песни за кои веруваме дека ќе го украсат амбиентот на неделната вечер и ќе ви ја исполнат топлата летна ноќ. Питоми, искрени, меланхолични и емотивно прецизни, песните на Бојан ќе понудат една сосема поинаква звучна перспектива.

Bojan_Petkov2

„Луперот“ (педала која овозможува музичарот да се придружи сам себе) на Бојан е единствен сојузник на неговата гитара, што подразбира дека тој самиот ќе ја ѕида и надоградува својата идеја, чија крајна цел е унифициран и конечен звук кој предизвикува дури и во соло-форма.


Жанровската категорија во која припаѓаат песните на Бојан не е нешто што треба да се дефинира, туку да се приспособи на личното расположение и да флертува со емоцијатаа. Стиловите се отворени, а слушателот е поканет да ја прифати музиката како и да милува, што е повеќе од доволна причина да ве поканиме да се вклучите на „Канал 103“ в недела во 22 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top