Македонската младинска кошаркарска репрезентација до 18 години ги доби противниците за Европското првенство од дивизијата Б, кое ќе се одржи во соседна Бугарија од 10 до 19 август наредната година.
Момците, предводени од Клифтон Елис, ќе играат во групата Д заедно со Грузија, Велика Британија, Косово, Луксембург и Португалија.
На ЕП, кое оваа година од 29 јули до 7 август се играше во Скопје, нашите млади репрезентативци го освоија 16. место од 24 земји учеснички. Шампион беше Црна Гора пред Украина и Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.