| четврток, 6 декември 2018 |

Заев и Ципрас разговарале 60 минути, утре следува уште еден разговор

 

Од Владата информираат дека е остварен телефонски разговор помеѓу Премиерите на Република Македонија и на Република Грција, Заев и Ципрас

-Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше 60 минутен телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Грција Алексис Ципрас. Разговорот се реализираше помеѓу 14 и 15 часот по македонско време. За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор, стои во соопштението од Владата на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top