| четврток, 6 декември 2018 |

Ја избриша од животот: Том Круз се откажа од ќерката!

Со месеци наназад се појавуваат новинарски извештаи кои само ги бројат месеците откако Сури и Том Круз последен пат се имаат видено. На Сури, нејзината мајка, Кејти Холмс и е се, а таа веќе и се навикна родендените да ги слави без татко и. Како главна причина за неговото одалечување од ќерката се смета неговата припадност на Сиентолошката црква која од омилените ѕвезди направи осаменици кои ги жали се поголем број на луѓе.

Како што избројале странските медиуми, Том Круз ја нема видено Сури полни 4 години.

За тоа време додека тој е скоро во илегала, нема ништо подобар однос ниту со своите усвоени деца Изабела и Конор.

Неговата биолошка ќерка Сури сега веќе има 12 години и нема никаква комуникација со татко и.

После разводот на Кејти и Том, пред се поради е толерантниот однос на Кејти кон безерезервното припаѓање на сектата, нарушен е и неговиот однос со ќерката. Гледањето и комуникацијата се проретчија, а во меѓувреме и целосно исчезнале.

Пријателката на Том, Маријан Картер минатата година ги замолила следбениците на Том да не поставуваат фотографии од Сури на неговиот фан профил.

-Немојте да праќате фотографии од Сури на неговиот профил. Тоа е неговото барање. Таа веќе не е дел од неговиот живот-напишала Картер, која исто така е дел од црквата која на актерот му брани да има блиски однсои со луѓето кои не припаѓаат на зедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top